Утрински Весник
Економија

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Во четвртиот квартал од 2019 година во земјава имало вкупно 502.657 вработени и 9.053 слободни работни места, од кои најголем број  3.114 во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места изнесува 1,77  отсто.

Највисока стапка на слободни работни места, пак, има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности со 4,71 отсто, додека најмала е стапката во секторот Д – Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, во кој изнесува 0,60 отсто.

Најмногу слободни работни места имаат деловните субјекти со 10 до 49 вработени каде стапката на слободни работни места изнесува 2,02 отсто, а највисока стапка на слободни работни места од 2,08 отсто има во Пелагонискиот регион. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка