Утрински Весник
Македонија

Најмногу од новозаразените за една недела се на возраст од 30 до 39 години

Во Хрватска потврдени 204 новозаразени со коронавирус

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 31 август до 6 септември 2020, тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 2,1 отсто помалку во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=221; 28,0%). Во истиот период, во 17 града, бројот на новодијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.1 oтсто, што претставува зголемување од 1.4 проценти во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39 и над 60 години со 174 (22,0%) и 172 (21,8%) позитивни, соодветно. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (n=134; 17,0%), 50-59 (n=129; 16,3%) и 20-29 (n=118; 14,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=22;2,8%) и 10-19 години (n=40; 5,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=756; 95,7%), регистрирани се 132 (16,7%) хоспитализирани (зголемување од 85,9% во споредба со минатата недела), а кај 219 (29%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија 31/08 – 06/09/ 2020 како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор