Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Скопје, утре преодно стабилизирање на времето

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и ветер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Скопје. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на мерната станица Зајчев Рид се измерени 11 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Тетово со шест литри на метар квадратен, Куманово и Берово со четири и Охрид, Битола, Виница и Дебар со по еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре најавуваат стабилизирање на времето со умерен до засилен северен ветер, а веќе од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и на почетокот на следната недела. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен

ИЈЗ со апел: Празнувајте паметно – внимавајте на храната, алкохолот и пиротехниката

Тешка сообраќајка во Тетово – повредени повеќе лица меѓу кои и две деца