Утрински Весник
Македонија

Најмногу вакцинирани во Неготино, Кавадарци и Охрид, најмалку во Гостивар и Дебар

Најмногу вакцинирани во Неготино, Кавадарци и Охрид, најмалку во Гостивар и Дебар

Од Министерството за здравство велат дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава.

Заклучно со 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 44,6% од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54% од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, 29% од граѓаните помеѓу 18 и 39 години.

Според последните податоци, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4%, Кавадарци 62,3% и Охрид 61,4%. По нив, најмногу вакцинирани со прва доза има во  Гевгелија 59,8%, Берово 56%, Ресен 57,2%, Битола 55,8%, Ресен 57,2%, Пехчево 53%, Крушево 52,3%, Валандово 53,3%, Штип 51,9%, Пробиштип 50,5%.

Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во Демир Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, Прилеп, М.Брод, и Скопје, а помеѓу 30-40% опфат во Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш.

Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во Гостивар 30,5% и Дебар 31,7%.

„Вакцини има во доволен број. Апелираме на заинтересираност и вклучување во процесот на вакцинација, особено до помладата популација на граѓани во периодот што следува. Вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последите анализи. Потребно е сега младите активно да се вклучат во опфатот со вакцинација и само на овој начин, со што поголем процент на вакцинирано население помеѓу помладата популација ќе го зацврстиме колективниот имунитет и заеднички ќе создадеме бариера на секој иден епидемиолошки бран предизвикан од вирусот Ковид 19“, велат од МЗ.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни