Утрински Весник
Македонија

Најмладиот пациент кој денеска почина од Ковид-19 имал две хронични заболувања

Осуммина починати и 94 нови случаи на Ковид-19
Dik 300x250 mk

Меѓу 35. починати кои беа пријавени во денешната статистика за Ковид-19 на Министерството за здравство, најмладиот починат е 28-годишен пациент од Охрид.

Според информациите кои ги соопштија од ресорното министерство, станува збор за машко лице, со две хронични заболувања, кое починало на една од скопските клиники.

Охриѓанецот е најмладата жртва на вирусот во текот на изминатото деноноќие.

Меѓу помладите што ја загубиле битката со Ковид-19, меѓу пријавените 35 смртни случаи, е и пациент на возраст од 49 години од Радовиш и 59-годишник од Битола.

Останатите починати пациенти што се пријавени денеска се на возраст од 60 до 87 години.

Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.

Можете да прочитате

Дали со Британија е договорено прифаќање на мигранти и мигрантски кампови во Македонија, прашува СДСМ

Се снимал додека пукал, уапсен млад тетовец

Викендов почнува зимското сметање на времето