Утрински Весник
Свет

Најмалку 60 лица убиени во Нигерија

Најмалку 60 лица убиени во Нигерија

Непознати напаѓачи убиле најмалку 60 лица во Африка, југозападна Нигерија, соопштија претставници на локалната власт.

Според претходните извештаи, напаѓачите убиле 22 лица во област што  се граничи со Мали.

Неименуван безбедносен службеник за нападот ја обвини Исламската држава, со која се поврзани милитантите активни во оваа област, пишуваат медиумите.

Градоначалникот на Тилија изјавил за „Ројтерс“  дека се убиени околу 60 лица, но тој нема веродостојни податоци за точниот број на жртви.

Нападот може да биде одмазда за неодамнешните апсења на лица осомничени за припадност на вооружени групи во областа Нигер, се вели во извештајот на хуманитарни организации предводени од Агенцијата за бегалци на ООН.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Eвропските дипломати ја отфрлија идејата за проширување на поморската мисија на ЕУ „Аспидес“

Полска нема да испраќа војници во Иран

Калас: ЕУ бара дипломатско решение за Ормускиот Теснец