Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најмалку 39 загинати во тајфунот „Вамко“ на Филипините, се трага по исчезнатите

Најмалку 39 загинати во тајфунот „Вамко“ на Филипините, се трага по исчезнатите
300x250 opst2

Тајфунот „Вамко“, кој ги погоди Филипините, однесе најмалку 39 животи, а војската и полицијата сè уште трагаат по десетици луѓе кои се водат како исчезнати.

Тоа е 21. тајфун што ја погоди земјата од почетокот на годинава и се смета за најсмртоносен и предизвика поплави во Манила и околните провинции, пренесува „Ројтерс“.

Воениот командир Гилберт Гапеј изјави дека се трага по 22 лица.

Некои од жртвите загинале во поплавите, а други во лизгање на земјиште или куќи што се урнале.

Десетици куќи беа поплавени, иако нивото на водата во некои делови почнало да се повлекува.

Околу 500.000 домаќинства немаат електрична енергија.

Тајфунот Вамко се сели во Виетнам, каде што се очекува да пристигне во сабота.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари