Утрински Весник
Свет

Најмалку 25 загинати при уривање на покривот на крематориум во Индија

Најмалку 25 загинати при уривање на покривот на крематориум во Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а 15 се повредени кога во неделата се урна покривот на крематориум во северната индиска држава Утар Прадеш.

Жртвите се засолниле под покривот поради силниот дожд, а повеќето биле роднини на човекот кој бил кремиран, пренесува „Индија тудеј“.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, на „Твитер“ изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

СЗО отпушта над 1.200 вработени