Утрински Весник
Свет

Најмалку шест мигранти се удавија близу Тунис

Најмалку шест мигранти се удавија близу Тунис

Најмалку шест мигранти се удавија, а уште 30 се водат како исчезнати откако денеска се преврте чамец со кој ги превезуваа крај брегот на Тунис, соопшти Министерството за одбрана.

Според портпаролот на министерството Мохамед Зекри, пловните објекти на туниската морнарица и крајбрежната стража успеале да спасат 34 лица од бродот што превезувал мигранти од Либија во Европа, пренесува Ројтерс.

Минатата среда властите потврдија дека 11 мигранти се удавиле во близина на брегот на Тунис во обид да стигнат до Европа преку Медитеранот.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма