Утрински Весник
Свет

Најмалку пет лица загинаа во автомобил-бомба во Сирија

Најмалку пет лица загинаа во автомобил-бомба во Сирија

Автомобил-бомба уби најмалку пет лица и рани уште 25 лица во Алепо, на северот на Сирија, објави Ројтерс повикувајќи се на пишувањето на сирискиот весник Ал Ватан.

Државната агенција САНА објави за експлозијата, но не даде детали за бројот на загинатите и повредени.

Турција, која е во сојуз со некои бунтовнички групи кои се борат против претседателот Башар ал-Асад, ја контролира областа каде што се случи експлозијата, додава Ројтерс.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протести во Ирска: Блокирани патишта поради високите цени на горивата

Иран се заканува со повлекување од примирјето и повторно го запре сообраќајот во Ормуската Теснина

ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети, но економските ефекти се краткотрајни