Утрински Весник
Свет

Најмалку осум загинати во експолозија на автобус во Пакистан

Најмалку осум загинати во експолозија на автобус во Пакистан

Најмалку осум лица загинаа, меѓу нив и кинески државјани и еден пакистански војник, во експлозија чија цел бил автобус на северот од Пакистан, пишуваат агенциите.

Засега не е познато дали експлозијата е резултат на експлозивна направа на патот или била скриена во автобусот.

„По експлозијата, автобусот падна во длабока провалија и се претрпени големи штети и загуби на човечки животи. Кинески инженери и еден војник се водат како исчезнати“ изјавиле официјални лица за тамошните медиуми.

Започната е операција за спасување и мобилизирана е целата владина машинерија за спасување на повредените, кажал владин претставник.

Убиени се шест кинески државјани, припадник на паравоените сили и еден локален жител, рече официјалното лице, додавајќи дека уште неколку лица се повредени.

Висок административен службеник од регионот Хазар изјави дека 30 кинески инженери се возеле во автобусот до браната Дасу во Горен Кохистан.

Проектот за хидроцентрала Дасу е дел од инвестицискиот план Кина-пакистански економски коридор (ЦПЕЦ) вреден 65 милијарди долари во рамките на иницијативата чија цел е да се поврзе западна Кина со пристаништето Гвадар во јужен Пакистан.

Кинески инженери, заедно со пакистанските градежни работници, веќе неколку години работат на проектот за хидроцентралата Дасу и уште неколку други во регионот каде се случи експлозијата.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња