Утрински Весник
Свет

Најлош ден во Хрватска, 2.890 новозаразени и 34 починати

Најлош ден во Хрватска, 2.890 новозаразени и 34 починати
Dik 300x250 mk

Во Хрватска се евидентирани 2.890 новозаболени со коронавирус, а 34 лица починаа, јавуваат хрватските медиуми. Бројот на активни случаи е 15.567.

На респиратор има 135 пациенти.

Во Хрватска вчера беа регистрирани 2.848 нови случаи на коронавирус.

Од 25 февруари 2020 година, кога е потврден првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 62.305 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 717 починале, а 46.021 оздравеле, од кои 2.645 во последните 24 часа.

Во моментов има 33.467 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 541.605 лица, од кои 9.317 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови