Утрински Весник
Спорт

Најдобрата руска тенисерка откри дека е лезбејка

Најдобрата руска тенисерка Дарија Касаткина се декларираше како геј личност.
Моментално 12. тенисерка на ВТА листата изјави дека ова е табу тема во нејзината татковина.

dobivaj vesti na viber

“Дали имам девојка? Да”, изјавила 25-годишната тенисерка.

Таа призна дека била „малку нервозна“ кога го кажала ова пред камерите.

„Комплицирано е да се живее во плакарот толку долго“, вели Касаткина.

Руската тенисерка моментално живее во Шпанија.

„Нема ништо полесно на светот, ми се чини, од тоа да се биде стрејт. Ако имаш избор, кој ќе избере да биде геј? Да ти го комплицира животот?“, додаде Касаткина.

Најдобриот пласман на Касаткина беше во октомври 2018 година, кога беше 10. на ВТА листата.

Можете да прочитате

Шок од Британија: Објавени нови детали за здравјето на Михаел Шумахер

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен