Утрински Весник
Македонија

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Кавадарци, 19 март 2020 (МИА) – Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор. Од фабриката потврдуваат за МИА дека од следната седмица ќе работат со значително  намален капацитет, речиси на технички минимум. Сево ова, како што додаваат, согласно препораките за заштита од коронавирус и актуелната состојба во автомобилската индустрија.

-Работниците колективно ќе користат дел од платениот годишен одмор. Платеното отсуство ќе биде две седмици. После тоа, согласно со нарачките за работа и целата ситуација со коронавирусот, ќе се донесе соодветна одлука, нагласуваат од германската фабрика во која работат работници од повеќе општини. свд/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала во Центарот за култура 

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала