Утрински Весник
Македонија

Најголем број случаи на британскиот вид на коронавирус се откриени во Охрид и Прилеп

Најголем број случаи на британскиот вид на коронавирус се откриени во Охрид и Прилеп

Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот, од кои најголем дел се од Охрид и Прилеп, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во текот на минатата недела, од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.

Најголем број случаи се откриени во Охрид – 25, Прилеп  – 10 и Кавадарци – 4.

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не биле присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Захариев: Штипската болница во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени од пожарот во Кочани