Утрински Весник
Спорт

Најголемиот пресврт во историјата на тенисот

Шпанската тенисерка Марина Басолс е сопственичка на најголемиот пресврт во историјата на тенисот. Басолс (263. на ВТА листата), на ВТА 250 турнирот во Будимпешта, со златни букви се запиша во историјата на тенисот.

dobivaj vesti na viber

Таа го направи најголемиот пресврт во историјата на тенисот елиминирајќи ја 211. тенисерка во светот, Белорусинката Јулија Хатука со 2-1 во сетови.

Првиот сет Хатука го доби со убедливи 6:0, а во вториот имаше предност од 5:0 и 30:0. Се личеше на класична „метла“, но од тој момент Басолс го започна историскиот пресврт.

Шпанката доби седум гема по ред, израмни на 1:1, а потоа и стигна до победата, откако го доби третиот сет со 6:4.

Ова е нејзина 11. победа по ред во 2022 година.

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија