Утрински Весник
Магазин

Најголемата грутка злато пронајдена во Аљаска се продаде за 750.000 долари на аукција

Најголемата грутка злато пронајдена во Аљаска се продаде за 750.000 долари на аукција

Злато тешко повеќе од 9 килограми беше продадено на аукција во средата за 750.000 долари, објави аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Тексас. Наречена „Стогодишна златна грутка на Аљаска“ бидејќи е пронајдена на 100-годишнината од Златната треска во Клондајк, златната грутка е најголемата ископана во историјата на Аљаска, соопшти аукциската куќа.

Ова злато го пронашол Бери Клеј во 1998 година во близина на градот Руби во западна Аљаска, во рудникот „Свифт крик“. Димензиите на златната грутка се 17х14,5х11 сантиметри и тежи 9,13 килограми. Името на новиот сопственик не е објавено. Потрагата по злато, позната како златна грозница, трае повеќе од 160 години на Аљаска.

Златната треска на Клондајк името го доби по реката Клондајк во територијата Јукон во северозападна Канада. Оваа ја нарекуваат златоносна бидејќи во неа и во нејзините притоките е окриено злато што привлече илјадници доселеници. Се проценува дека речиси 100,000 трагачи по злато пристигнале во таа област од 1896 до 1899 година.

Златото таму го пронашле локалните рудари во 1896 година, а кога веста стигнала до Сиетл и Сан Франциско, предизвикало вистинско стампедо од луѓе кои сакале да се збогатат. Некои од нив успеале, но повеќето немале среќа. Златната треска е овековечена во бројни филмови, литература и фотографии.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста