Утрински Весник
Македонија

Највредните административци ќе бидат наградени со додаток на платата по завршувањето на изборите

Највредните административци ќе бидат наградени со додаток на платата по завршувањето на изборите

Додаток на плата до максимум 30% од редовната плата може да добијат вработените од централните институции на извршната власт.

Од владината прес-служба објаснуваат дека додаток на плата можат да добијат најмногу 30% од вкупниот број вработени во институцијата, при што исплатата нема да биде за оние кои имаат право на додаток на плата со посебен закон или колективен договор.

Големината на додатокот ќе зависи од расположивот буџет на институцијата.

„Укажуваме дека до овој момент не е извршена никаква исплата, со оглед на тоа што се распишани локалните избори. Исплатата на додатокот на плата ќе се реализира по завршувањето на локалните избори кога и ќе се финализира кои лица ќе добијат додаток на плата“, соопштија од Владата.

Согласно Уредбата што беше донесена на владина седница на 5 август, правото на додаток на плата до 30% од редовната плата можат да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување на исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности.

Можете да прочитате

Телефонски разговор на министерот Муцунски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи

Мицкоски: Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е само последица на изборот на судии во едноумието во 1996