Најбрзата торта од само 5 состојки, која верувам ќе ја направите за помалку од 10-15 минути. Едноставни состојки, лесна за правење, а богами и лесна за јадењe.
Изматете ја цврсто хоплата и додадете ги павлаката и еурокремот. Измешајте и додадете ги бананите(или овошје по избор) и мелените бисквити. Измешајте убаво и смесата ставете ја во калап за торти или тепсија(бр.26). Одозгора јас ставив уште 200 мл изматена хопла, а можете и шлаг, чоколадна глазура, овошје или сл. Оставете ја најмалку 1/2-1 час во фрижидер или замрзнувач и послужете.
View this post on Instagram