Утрински Весник
Свет

Најбогатиот Украинец ќе и го предаде на државата медиумското царство

Најбогатиот Украинец – Ринат Ахметов рече дека медиумското царство во целост ќе и го отстапи на државата во врска со заканот за сузбивање на „преголемото влијание на олигарсите“.

dobivaj vesti na viber

„Оваа недела Украинската медиумска група ќе и ги отстапи на државата сите концесии на нашите телевизиски мрежи и печатени медиуми. Ја прекинуваме и работата на нашите интернет медиуми“ се наведува во соопштението на страницата на неговиот холдинг „СЦМ“.

55-годишникот вели дека таквата одлука доаѓа откако стапија на сила законите за „сузбивање на опасности за национална сигурност поврзана со преголемото влијание на олигарсите“ кој е донесен минатата година.

Украинската медиумска група ја сочинуваат десет телевизиски мрежи, пред се информативни, видео платформа и информативна мрежна станица.

Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Зеленски ја поздрави на Твитер ваквата одлука.

Оваа одлука доаѓа откако ЕУ на Украина и одобри статус на земја кандидат за членка на Унијата.

Инаку богатството на Ринат Ахметов Форбс го проценува на 4,2 милијарди долари.

Можете да прочитате

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море

Оман до САД: Изгубивте контрола, запрете ја војната