Утрински Весник
Македонија

Најавено враќање на работното време до 21 часот на рестораните ако состојбата со ковид-19 остане стабилна

Стојанов: Нема дисциплина, можно е да се намали работното време на кафичите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Венко Филипче на утринското гостување во МТВ посочи дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот.

На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците Филипче потенцираше:

„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“, истакна Филипче.

Според вчерашните бројки на Министерството за здравство, бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава е 18.046, од кои најголем број (10.840) регистрирани заболени од корона вирусот се од Скопје. Изминативе денови беше регистрирана помала бројка на дневно заболени лица при направените тестирања, а вчера тој број изнесуваше 580 нови случаи на ковид-19 од 2.431 тестирања.

Во изминатиов период и бројот на хоспитализирани лица во ковид-центрите во Скопје и низ земјава се намали. До утрово во 8 часот, на инфективните оддели во болниците во главниот град се лекувале 345 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19, при што во главниот град имало 100 слободни места за хоспитализирање на нови пациенти.

Инаку, владата на седницата што ја одржа 15 декември лани усвои дополнителни рестриктивни мерки за периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари годинава, со кои се ограничи работата на угостителските објекти. Наместо со дотогашното време до 21 часот, за периодот на празниците се одлучи угостителските објекти да работат до 18 часот, освен оние кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово