Утрински Весник
Свет

Најавена истрага за силувањето во Парламентот во Австралија

Најавена истрага за силувањето во Парламентот во Австралија

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, вети дека ќе ја истражи културата и однесувањето на работното место во Парламентот откако една жена излезе со тврдење дека била силувана во 2019 година во канцеларијата на тогашната министерка за одбранбена индустрија, Линда Рејнолдс,пренесува РТ.

Служеничката Британи Хигинс тврди дека, по една пијанка, неидентификуван маж кој работел за Рејнолдс ја однел во канцеларијата на министерката во Парламентот, каде што ја силувал.

Хигинс им кажала на вработените во кабинетот на Рејнолдс за наводниот напад и од неа било побарано да присуствува на состанок во канцеларијата во која била нападната, за да разговара за инцидентот.

Иако Хигинс разговарала со полицијата во април 2019 година, таа не поднела тужба бидејќи била загрижена за влијанието што би го имало тоа врз нејзината кариера.

Рејнолдс негираше дека Хигинс била под притисок да не поднесе официјална тужба до властите.

Обраќајќи се на првичните извештаи за инцидентот, Кабинетот на Морисон објави соопштение во кое ги нарекува тврдењата длабоко вознемирувачки и тврди дека „во текот на целиот процес, најголемата грижа за владата е да ја поддржи благосостојбата на г-ѓа Хигинс“.

Морисон денеска ѝ се извини на Хигинс и вети дека ќе спроведе истрага за да се погрижи дека секоја млада жена што работи во Парламентот е што е можно побезбедна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд