Утрински Весник
Македонија

(НАЈАВА) Панел дискусија „Слободни избори наспроти црна пропаганда“

(НАЈАВА) Панел дискусија „Слободни избори наспроти црна пропаганда“

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ ќе се одржи денеска во организација на ЦИВИЛ.

Учесници на панелот, како што најавија организаторите, ќе бидат заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала.

– Како црната пропаганда влијае врз условите за одржување слободни избори? Што треба и што можат да направат Владата и релевантните институции, а што граѓанското општество во борбата против црната пропаганда, лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата? Што е црна пропаганда? Што се хибридни закани врз демократијата? Со кои предизвици се соочува Северна Македонија? Кои се искуствата на нашата земја со црната пропаганда и хибридните закани врз демократијата?, се наведува во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Инженерите со претставка до РКЕ за паушалните сметки

Филипче: Советниците на СДСМ ќе ротираат, ќе има нов кодекс на однесување и санкции за неисполнување на обврските