Утрински Весник
Магазин

Нацистичко оружје и шлемови вредни над 1,5 милиони евра укредени од холандски музеи

Нацистичко оружје и шлемови вредни над 1,5 милиони евра укредени од холандски музеи

Во изминатите две недели, арамии украле ретки шлемови, оружје и униформи во вредност од над 1,5 милиони евра од два холандски музеја посветени на Втората светска војна.

Оружје и униформи биле украдени од музејот во Бик и пред две недели од музејот Осендрехт на југот на Холандија, изјави Јанеке Кенис, портпаролка на музејот Оверлон.

„Не веруваме дека ќе ги понудат украдените предмети отворено за продажба преку интернет бидејќи целото оружје е нумерирано и ова се уникатни парчиња што веднаш ќе бидат препознатливи“, оцени таа.

Откри дека крадците биле одлично подготвени и се чини дека ги украле експонатите за приватни колекционери.

„Тие веројатно ги обиколиле музеите и ги снимале местата каде што имало за нив интересни експонати, имале список и сè нправиле многу професионално“, објасни Кенис.

Од воениот музеј во Бик, предметите биле однесени во неколку возила откако разбојниците ја пробиле вратата во дворот, а потоа и влезот во зградата. Музејот во Бик во својата поставка ја имал приказната за германскиот падобранец Август Сегел, раскажана преку 150 костимирани ликови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста