Скопје, 5 јуни 2020
По поводСветски ден на животната средина WWF Adria посочува дека примарна улога на заштитените подрачја е зачувување на биолошката разновидност, но дека тоа за жал често се занемарува, поради активности како развој на инфраструктурата, масовен туризам, експлоатација на шумите и други неодржливи, честопати и незаконски активности.
Овој ден го одбележува и Националниот парк „Галичица“ кој неодамна успешно воспостави репродуктивен центар за Европски елен. Пред само неколку дена, Паркот извести дека во центарот се родиле првите еленчиња. Но, истовремено Паркот се соочува и со предизвици од континуиран развој на инфраструктура на неговата територија.
Поради значителните природни убавини, биолошка и пределска разновидност и пејзажни вредности Национален парк Галичица во е посакувано место за престој и уживање. Универзалните вредности на паркот биле основа за негово прогласување за национален парк во 1958 година, но и причина 2/3 од неговата територија да бидат вклучени во рамките на Природното и културно наследство на охридскиот рекион на
листата на УНЕСКО. „Ваквите особености многу често и креираат проблеми на Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ) која е задолжена за заштита и управување со паркот. Од една страна поединци сакаат да си обезбедат парче од оваа убавина за лично уживање но истотака национални и локални бизниси вршат постојан притисок за урбанизација и изградба на несоодветна инфраструктура која во иднина ќе им WWF во Македонија Тел: 072 726 104, e-mail: acolovic@wwfadria.org овозможи профит без при тоа да се води сметка за оштетувањата врз уникатната природа. Поради ваквата состојба ЈУНПГ во сите свои стратешки документи особено внимание посветува на запознавање на јавноста со потребата од заштита на вредностите како предуслов за одржлив развој на подрачјето и обезбедување на
услови за економска благосостојба на локалните заедници и развој на локалната економија.“ изјави Андон Бојаџи од ЈУНП Галичица.
„Зачувувањето на заштитените подрачја е од огромно значење не само за заштитата на биолошката разновидност, туку и за социо-економскиот развој на локално и глобално ниво. Oсобено сега, во време кога се бориме против пандемијата, неопходно е да се постават уште оконкретни и амбициозни цели за заштита на животната средина и природата. Не смееме повеќе да го оправдуваме уништувањето на
природните ресурси поради развој. Развој на инфраструктурни објекти во највредните природни живеалишта не е развој, туку уништување на бројни потенцијали за одржлив развој. Зачуваните национални паркови и зачуваната природа треба да бидат интерес, но и одговорност на сите институции “, посочува Ана Чоловиќ Лешоска од организацијата WWF Adria. Чоловиќ Лешоска додава дека за жал, заштитените подрачја се изложени на разни притисоци, поради што доаѓа до губење на биолошката разновидност и природните вредности на подрачјата. Во Македонија, околу 9% од територијата е под заштита, иако меѓународната конвенција за биолошка разновидност се обврза да го зголеми тој процент на 15% до 2020 година.
Центар за истражување и информирање Еко-свест од Македонија.
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.