Утрински Весник
Македонија

Научниот комитет на НАТО соодветен орган за среднорочни и долгорочни решенија за коронавирусот, порача Лоренцо Сера

Научниот комитет на НАТО соодветен орган за среднорочни и долгорочни решенија за коронавирусот, порача Лоренцо Сера

Скопје, 17 ноември 2020 (МИА) – Научниот комитет на НАТО би бил соодветниот орган, кој со своите истражувања може да даде свој придонес во справувањето на пандемијата на Ковид-19, но сепак тоа се среднорочни и долгорочни мерки, а во моментов важни се краткорочните мерки, кои се насочени кон брзо дејствување и спасување човечки животи.

Ова денеска го изјави шпанскиот амбасадор во земјава, Емилио Лоренцо Сера, откако шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, одговараќи на новинарско прашање дали членството во НАТО придонесува за поефикасна борба против коронавирусот, како е искуството во другите земји, дали струкутурите на Алијансата нудат одредена поддршка за членките или е оставено секоја земја индивидуално да се справува со состојбата.

-Јас сум амбасадор на Шпанија во Скопје, во Северна Македонија, не сум амбасадор во НАТО, тоа значи дека што и да кажам  јас ќе биде само лично мислење и предвидување, со таа резерва ќе одговорам дека пред неколку години јас работев во секторот за научна и техничка соработка и оттаму знам дека НАТО има научен комитет и комитет за справување со предизвиците на современите општества. Сум учествувал на неколку состаноци на овие тела во Брисел, во НАТО, во тоа време почнуваа да го проучуваат проблемот на климатските промени. Уште пред триесет години беше првото истражување за климатски промени. Оттука сметам дека овој научен комитет може да биде соодветниот орган НАТО да преземе истражување на ова поле, рече Лоренцо Сера.

Истакна дека сепак треба да се направи разлика меѓу краткорочните, среднорочните и долгорочните мерки, нагласувајќи дека истражувањата се среднорочни и долгорочни мерки, а краткорочните мерки, насочени кон спасување животни значат што е можнот побрзо дејствување.

-Читајќи ги вестите има земји кои доста се напреднати во изготвувањето на вакцина, има вести и дека веќе се достапни антивирусни лекови, кои биле успешно искористени во Кина, во медиумите се говори и за клорокин кој се кроисти како лек против маларија, кој успешно се користи и за овој вирус, некои француско лекари сметаат и дека и високите дози на витамин Ц се успешни за третирање, рече шпанскиот амбасадор на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство