Утрински Весник
Свет

Научник од Оксфорд: Сеедно која вакцина ќе ја примите, нема потреба од страв

Вакцинирани 2,9 милиони луѓе во САД за еден ден

Професорот од универзитетот Оксфорд, со хрватско потекло, Кристијан Рамадан беше гостин во телевизиско интервју и рече дека не го прославил отворањето во Велика Британија пред две недели, затоа што, како што кажа, не е време да се слави.

„Британија покажа добар тренд бидејќи заклучувањето беше жестоко, а паралелно со тоа започна и интензивна кампања за вакцинација, со што беа заштитени над 95% од ранливата популација“, рече тој за ХРТ.

„Сега се покажуваат одлични резултати, инфекцијата е многу мала и немаме многу смртни случаи“, додаде тој.

Вакцинацијата во Британија започна со вакцината „Фајзер“ во декември и вакцината на „Астра знека“ во јануари. Рамадан вели дека истата се спроведува одлично и дека нема премногу несакани ефекти што и се припишуваат на „Астра зенека“, односно дека тоа се многу ретки случаи.

„На 4 милиони вакцинации, за жал има еден смртен случај, но ако тоа се спореди со Ковид-19, каде има по една смрт на 46 лица, јасно е дека споредбата е невозможна. Може да се види дека вакцината помага, но нормално е дека понекогаш има одредени несакани ефекти кај некои лица“, додаде тој.

Тој истакна дека луѓето треба да се вакцинираат, без оглед за која вакцина станува збор и дека треба да се охрабрат на таков потег.

„Во Велика Британија нема дилема за тоа која вакцина да се одбере, која и да се прими резултатите се видливи“, рече професорот Рамадан.

Можете да прочитате

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија

Берлин сака да ја зајакне цивилната одбрана, ги повикува Германците да се подготват за криза

Петмина повредени на шестата трка со бикови во Памплона