Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Наутро магла, попладне променливо облачно

Наутро магла, попладне променливо облачно
300x250 opst2

Утре наутро по котлините ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде умерено до значително облачно со поголема облачност во западните делови каде што ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла, а потоа променливо облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе има зголемена облачност во западните делови со појава на локален дожд. Во следните денови наутро ќе има услови за појава на магла, утринските температури ќе бидат околу нула или некој степен повеќе. Преку денот на почетокот на неделата ќе биде пооблачно, а потоа ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе преовладува претежно слаб јужен ветер.

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица