Утрински Весник
Свет

НАТО повика на истрага за труењето на Навални

Кремљ не гледа основа за да покрене кривична истрага за состојбата на Навални
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика на истрага за заболувањето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, велејќи дека медицинските извештаи за отровната супстанција во неговото тело се сигурни.

„Немаме причина да се сомневаме во наодите на лекарот во болницата, и она што ни треба сега е транспарентна истрага за да се утврди што се случило и да се пронајдат одговорните“, рече Столтенберг пред новинарите во Берлин пред средбата со министрите за одбрана на ЕУ.

Навални, водечки критичар на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата со авион, додека бил во кома, бил пренесен на лекување во Берлин откако се онесвестил во авион минатата недела додека се враќал во Москва од Сибир.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил