Утрински Весник
Свет
Img 7972

НАТО: Не гледаме дека Русија ги намалува своите сили околу Украина

НАТО: Не гледаме дека Русија ги намалува своите сили околу Украина
Img 7972

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека засега нема знаци на деескалација од Русија и дека не гледа намалување на руските воени сили на границите на Украина.

Претходно Кремљ објави дека започналe со повлекување на војниците распоредени долж границата со Украина и повторно ја осуди западната „хистерија“ дека Русија планира инвазија на Украина.

Столтенберг рече дека движењата на руските сили сами по себе не претставуваат вистинска деескалација доколку ја остават опремата зад себе.

„ Дури и ако Русија ги повлече војниците, таа често остава опрема, што го олеснува прегрупирањето. Сè уште не видовме знаци на деескалација, сè е подготвено за напад. Русија треба да престане да се подготвува за војна и да се сврти кон градење мир“, рече Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во среда и четврток во Брисел.

Запрашан дали тоа значи дека тие не ја кажуваат вистината во Москва, Столтенберг рече: „ Досега не сме виделе знаци на деескалација. Ќе продолжиме да следиме што прави Русија, знаците кои доаѓаат од Москва, дека се подготвени да одат по дипломатски пат, даваат причина за внимателен оптимизам“.

Тој, исто така, рече дека НАТО не добил никаков одговор од Москва на предлозите на Алијансата за безбедносни разговори.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври