Утрински Весник
Свет

НАТО и САД се повлекуваат од Авганистан

НАТО и САД се повлекуваат од Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја потврди одлуката на Алијансата за повлекување на силите од Авганистан заедно со САД, по изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за повлекување на трупите до Божиќ.

„Одлучивме да го напуштиме Авганистан заедно. Ќе го координираме повлекувањето“, рече Столтенберг.

Трамп, во услови на кампања за претседателските избори, рече дека би сакал да ги повлече американските трупи од Авганистан до Божиќ, побрзо отколку што беше предвидено со договорот меѓу САД и Талибанците.

„До Божиќ, мал број храбри мажи и жени кои продолжуваат да служат во Авганистан треба да бидат донесени дома“, објави Трамп доцна синоќа.

Администрацијата на Трамп вети дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средината на 2021 година.

Договорот меѓу САД и Талибанците, потпишан на 29 февруари, беше оценет како најдобра надеж за мир во Авганистан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон