Утрински Весник
Свет

НАТО демантира дека распоредува војска на границата со Белорусија

НАТО демантира дека распоредува војска на границата со Белорусија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

НАТО ги демантираше тврдењата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека странски сили организираат распоредување војници на границата со таа земја.Лукашенка вчера го обвини НАТО дека се обидува да ја подели Белорусија и да назначи нов претседател во Минск. Тој додаде дека подготовките се во тек во Полска и Литванија и истакна дека ги пренел белоруските вооружени сили во западната граница на земјата.

НАТО тврди не претставува никаква закана за Белорусија или која било друга земја и не распореди војници во областа.

„Нашата политика е строго дефанзивна“, сооошти НАТО.

Лукашенка му нареди на раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп