Утрински Весник
Македонија
Img 7972

НАТО го зајакнува капацитетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот

НАТО го зајакнува капацитетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот
Dik 300x250 mk

 

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – НАТО командниот систем за управување со кризи – НИЦС, кој нашата земја целосно го имплементира во 2019 година, овозможува брзо и ефикасно координирање на активностите на сите институции во рамки на националниот одговор на кризата со Ковид-19.

Сајтот достапен за јавноста: http://nicspublic.cuk.gov.mk овозможува обезбедување на информации и совети за јавноста во реално време.

Следната генерација на системот за управување со инциденти – НИЦС Северна Македонија, како што информира НАТО алијансата на својата веб-страница, целосно го имплементира во 2019 година.

– Експертите од Центарот за управување со кризи во Северна Македонија брзо го прилагодија системот за подобрување на реакцијата на земјата на коронавирусот. НИЦС и овозможува на јавноста пристап до информации во реално време за моменталната состојба со пандемијата во нивната средина, како и со информации за кого да контактираат во случај на потреба на храна и лекови, се вели во соопштението од НАТО.

Системот, исто така, овозможува на сите институции од нашата земја, како и на организации како што се Црвениот крст, што подобро и поефикасно меѓусебно да комуницираат и ги координираат своите активности.

– Северна Македонија ќе стане формално 30-та земја членка на НАТО подоцна во текто на денот (27 март 2020), по депонирање на инстументот за пристапување Северноатлантскиот договор во американскиот Стејт департментот во Вашингтон, стои во соопштението објавено на веб страницата на НАТО.

НИЦС системот е дел од НАТО проектот Наука за мир и безбедност – „Напреден регионален пилот за цивилна координација во вонредени состојби“ што претставуав соработка меѓу Линколн лабораторијата при Институтот за технологија во Масачусетс, Дирекцијата за наука и технологија на Министерството за внатрешна безбедност на САД и Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност