Утрински Весник
Магазин

„Наследство“ и „Сквид гејм“ во трка за главната награда „Еми“

Dik 300x250 mk

„Наследство“, серија во продукција на „Ејч-би-о“ за медиумски могул и неговото раскарано семејство, собра 25 номинации за „Еми“, вклучително и една за престижната награда за најдобра драма.

dobivaj vesti na viber

Ќе се спротивстави на јужнокорејскиот трилер „Сквид гејм“ на „Нетфликс инк“, прва серија на неанглиски јазик номинирана за „Еми“. „Сквид гејм“ раскажува приказна за сиромашни луѓе кои се натпреваруваат за парична награда, понекогаш со фатални последици.

Научнофантастичниот хит на „Нетфликс“, Stranger Things, и Euphoria на „ХБО“, за тинејџери кои се занимаваат со секс, дрога и социјални мрежи, исто така беа номинирани за статуетката за најдобра ТВ-драма.

Стримуваните телевизиски серии доминираат во номинациите, продолжувајќи го трендот на публика што преферира да гледа од дома. „ХБО“ и „ХБО- макс“ добија вкупно 140 номинации. „Нетфликс“ има 105.

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци