Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Наследникот на Лев се бара помеѓу двајца врвни тренери

Наследникот на Лев се бара помеѓу двајца врвни тренери
300x250 opst2

Јоаким Лев ќе остане селектор на Германија до Европското првенство, потврдил директорот на националниот тим, Оливер Бихроф. „Панцерите“, синоќа во Севилја, претрпеа катастрофален пораз од Шпанија (6:0), во Лигата на нации.

„Билд“, денес пишува дека измемени во стручниот штаб на репрезентацијата ќе се случат дури по завршувањето на ЕУРО 2021 година. Според овој медиум, во Фудбалскиот сојуз на Германија, новиот селектор го бараат во Баерн Минхен и Ливерпул. Ханси Флик или Јоаким Лев се посакуваните наследници на Клоп.

Флик, европски шампион со Баерн, има искуство во националниот тим. Тој во периодот од 2006 до 2014 година му бил помошник на Лев. Според „Билд“ тој е првата опција за селекторската позиција.

Ситуацијата со Клоп е малку поинаква, тој има договор со Ливерпул до 2024 година и досега неколку пати изјавил дека планира да го одработи до крај.

> Наследникот на Лев се бара помеѓу двајца врвни тренери <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај