Утрински Весник
Македонија

Наскоро реконструкција на плочникот во Порта Влае

Наскоро реконструкција на плочникот во Порта Влае

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Во завршна фаза е подготовката на основен проект за партерно уредување – реконструкција на пешачка зона на станбено-деловниот комплекс Порта Влае.

По повеќе децении, информира Општина Карпош, конечно ќе започне обновата на плочникот кој се простира на површина од околу 13.500 квадратни метри.

Реконструцијата ќе се одвива во неколку фази, а по стартот градежните активности ќе се изведуваат во континуитет.

Покрај замената на горниот дел (плочникот), ќе се направи и целосна обнова на хидроизолацијата, со цел да се спречи протекување на вода во подрумските или гаражните делови.

– Овој плочник повеќе години е руиниран, иако претставува центар за движење и комуникација на повеќето граѓани кои живеат во Порта Влае, но и во околните населби. Постоењето на повеќе угостителски објекти и мали бизниси придонесува за зголемена фреквенција на плочникот, со што потребата за негова обнова е повеќе од потребна, велат од Општината.

Градежните активности, наведуваат, се очекува да започнат на почетокот на есента. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет