Утрински Весник
Македонија

Наскоро нов факултет за Физиотерапија

Наскоро нов факултет за Физиотерапија

Во рамките на трансформацијата што се случува на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, во соработка со Мајами универзитетот од Охајо, САД, се очекува да започне со работа и новиот факултет за Физиотерапија.

Програмата на овој факултет, меѓу другото, опфаќа и настава за трауматологија, кинезитерапија, клиничка физиотерапија, фармакологија за физијатриската терапија, физикална терапија наменета за педијатрија и геријатрија, спортска физикална терапија, алтернативна медицина, како и интерактивна кличинка пракса.

Имајќи ги предвид се помасовните проблеми со кои се соочуваат луѓето кои го минуваат денот во динамика повзрана со работа на компјутери и мобилни телефони, Факултетот за физиотерапија ќе понуди една нова перспектива за младите.

Да бидеме во тек со времето и потребите кои се наметнуваат, а Факултеот за физиотерпаија несомнено ќе биде еден од најдобрите избори за младите студенти.

Студирајте либерално, флексибилно, учете на англиски јазик и различно од кој било друг универзитет во државава и еден од ретките во регионот.

Програмата е креирана согласно американските стандарди и нуди висок квалитет на образование со директен линк на Мајами универзитетот од Охајо, САД и взаемна соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН од Република Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола