Крива Паланка, 7 мај 2020 (МИА) – Патниот правец кој е во должина од три километри и води до манастирскито комплекс „Св.Јоаким Осогвоски“ кај Крива Паланка, како и патните правци во селата Голема Црцорија и село Конопница, наскоро ќе добијат нов асфалт.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска оствари посета на Крива Паланка и изврши увид во активностите на терен заедно со градоначалникот Борјанчо Мицевски.
-Проектите се во напредна фаза и за сите овие проекти, вкупно четири со урбанизацијата на зелениот пазар, а сумата која е инвестирана изнесува 43 милиони денари на кои општината е партнер со учество до 50 проценти и со обврска на општината да го уплати ДДВ-то, рече Бабовски.
Посочи дека во државата со поддршка на АФПЗРР во моментот се реализираат околу 200 проекти со вркупна вредност од околу 43 милиони евра.
Преку АФПРЗ во Крива Паланка се работи на рехабилитација на стариот пат до манастирот, каде имаше повеќе свлечишта, а ќе се асфалтираат три километри пат, со изградба на потпорни ѕидови на критичните локации и поставување риголи долж целата траса.
-Покрај патот до манастирот, кој е наше најголемо културно-историско богатство и најрепрезентативен објект, се работи на асфалтирање на 2.5 километри пат до селото Голема Црцорија кон Голеш, а во овој проект ќе се доасфалтираат и уште 500 метри од патот во село Трново. Исто така се работи и на патот Лиска-Стублица во селото Конопница којшто ќе биде линк до магистралнито пат А2, информира градоначалникот Мицевски.
Посочи дека во Крива Паланка во моментот се работи и во село Дубровница, се асфалтира кон село Огут и од село Дубровница кон с.Луке – Крстов Дол, околу 6 километри,преку ЈП Државни патишта, севкупно, во Крива Паланка во моментот се афалтираат патни правци со вкупна должина од околу 30 километри, во руралниот и урбаниот дел.
Тековно во Крива Паланка се работи и на повеќе урбани локации за спорт и спортски активности.ид/лв/