Утрински Весник
Магазин

НАСА соопшти дека астероид на 2 ноември ќе помине покрај Земјата

НАСА соопшти дека астероид на 2 ноември ќе помине покрај Земјата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на 2 ноември астероид ќе мине крај планетата Земја. Дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1“, е малку помал од два метра и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало.

Интересен факт е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори во САД, кои се потресени од ефектите од пандемијата на коронавирусот, граѓански немири и длабоки политички поделби, наведува Си-ен-ен.

Експертите од НАСА пресметале дека веројатноста астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи

Секое трето дете во светот страда од миопија