Утрински Весник
Македонија

Народна банка: Издавањето на податоци за задолженоста на физичките лица ќе биде бесплатно

На вонредна седница, Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,75 проценти

Народна банка информира дека стапи во сила Одлуката на Советот на Народната банка, согласно со која што e укинат надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Сите граѓани кои што ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно.

„Извештајот што го издава Народната банка на барање на физичко лице, содржи податоци за износот на обврските и институциите кои што ги имаат пријавено на последниот датум на доставување податоци од страна на банките и штедилниците, како и за категоријата на ризик на кредитната изложеност, според навременоста во подмирувањето на обврските и кредито-способноста. Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант,“информираат од Народна банка.

Барањата за издавање податоци од Кредитниот регистар се поднесуваат лично од барателот или од полномошник, преку писарницата на Народната банка, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот.

Заради состојбата со пандемијата на Ковид-19, во овој период, податоците од Кредитниот регистар се издаваат во вторник и четврток, во периодот од 15 до 16 часот, преку писарницата на Народната банка. Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, извештајот со податоците се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.

Од Народна банка додаваат дек активно се работи за да се овозможи доставувањето на барањето и издавањето податоци од Кредитниот регистар понатаму да се одвиваат електронски.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“