Утрински Весник
Економија

Народна банка: Заради заштита на јавното здравје, филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат кога е неопходно и неодложно

НБРМ: Во мај продолжи намалувањето на каматната стапка на вкупните кредити

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Народната банка на Република Северна Македонија денеска упати апел до граѓаните заради заштита на јавното здравје, филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно.

– Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите. Во овој термин да се даде приоритет на повозрасните граѓани коишто имаат неопходна потреба од банкарски услуги, тоа да го сторат навремено и без да се загрози нивното здравје. Граѓаните кои се во други возрасни групи, доколку имаат неодложна потреба од посета на банките, тоа да го сторат пред 10 или по 12 часот, се потенцира во соопштението од Кабинетот на гувернерот на НБ.

Се повикуваат граѓаните при една посета да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека е потребно физичко присуство во филијалите и експозитурите и да се настојува што повеќе да се користат услугите за електронско и мобилно банкарство.

– Доколку имате неопходност од посета на филијалите и експозитурите на банките, замолуваме да се почитуваат препораките за соодветна раздалеченост и за самозаштита, да се почитуваат насоките дадени со цел преку чекањето пред филијалите и експозитурите да не се загрози здравјето и секаде каде што е можно, при плаќање да се користат платежните картички, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на гуверенерот на НБ посочуваат дека тие се во интензивна комуникација со банките, со конкретни предлози и решенија за да се надминат проблемите коишто беа актуелни изминатите денови, кога при исплатата на пензии и на социјална помош, бројот на граѓаните коишто ги посетуваат филијалите и експозитурите е зголемен. Истовремено, за овие предлози и решенија веќе се дискутира и со претставници на локалната самоуправа и на општинските кризни штабови, за да се примени пристап којшто ќе даде најдобар и најефикасен резултат.

– Како централна банка, максимално се заложуваме за системско решение коешто ќе биде спроведено за организирање на работата на банките при следните исплати на пензии и на социјална помош, процесот да се одвива поефикасно и без проблеми како во текот на изминатите неколку дена, се наведува во соопштението.

Граѓаните кои се корисници на пензија и на социјална помош, пред следните исплати, навремено ќе бидат известени на организацијата на работата на банките.

– Апелираме во текот на претстојниот период, сите граѓани да се придржуваат до препораките за соодветно користење на банкарските услуги без да се загрози јавното здравје, се вели во соопштението од Кабинет на гувернерот на Народната банка. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија