Утрински Весник
Економија

Народна банка: Вкупните депозити непроменети, кредитирањето продолжува да расте

Нов пакет монетарни мерки на Народна банка, основната каматна стапка намалена на 1,5 отсто

Скопје, 21 мај 2020 (МИА)Вкупните депозити се непроменети во споредба со март, а годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата, покажуваат податоците на Народната банка.

Според објавените податоци вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, а на годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се што должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 6,5 отсто, односно 7,8 отсто.

Кредитирањето на годишна основа на корпоративниот сектор бележи раст од два отсто, додека кај домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Дијалогот за минималната плата треба да го водат работниците и работодавачите

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Петрова: Нема ретроактивно оданочување – 24info.mk