Утрински Весник
Економија

Народна банка: Банките, штедилниците, менувачниците продолжуваат да работат

НБ: Економските фундаменти здрави, монетарната поставеност соодветна

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Народната банка денеска соопшти дека е во постојан контакт со сите финансиски институции за коишто таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган како банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари.

-Овие институции, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги им остануваат достапни на граѓаните и на правните лица. Заради непречено остварување на банкарските, менувачките и другите финансиски услуги, ги повикуваме граѓаните и правните лица да ги следат и информациите коишто овие финансиски институции ги објавуваат преку своите официјални комуникациски канали, се потенцира во соопштението од Народната банка. ев/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“