Утрински Весник
Економија

Народната банка: Ќе придонесеме за што побрзо обесштетување на граѓаните од Еуростандард банка

НБРМ: По укинувањето на дозволата за „Еуростандард“, банкарскиот систем останува стабилен

По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност.

Оттука наведуваат дека е заштитен имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

„Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка“ АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија“ дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново. Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити“, велат од Народната банка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На 17 септември се одржува првата конференција „Бизнис Лидер“

Вучиќ директно влегува во Македонија преку Алта банка?!

Инженери на Македонија: ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки