Утрински Весник
Македонија

Наредните денови топло и до 34 степени, од понеделник пороен дожд и грмежи

Сончево и топло до 19 степени

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Под влијание на многу топла воздушна маса, во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината.

Максималните температури ќе достигнат до 34 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Кон крајот на оваа и почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите