Утрински Весник
Економија

Наредната недела ќе почне носењето на уредбите за третиот сет мерки, најави Спасовски

Наредната недела ќе почне носењето на уредбите за третиот сет мерки, најави Спасовски

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Наредната недела ќе почне носењето на првите уредби за третиот сет економски мерки, најави денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Како ќе се носи уредбата, така ќе им се објасни на граѓаните. Граѓаните треба да бидат спокојни, тоа што е ставено во уредбите, ќе знаат точно на кој начин ќе може да го искористат. Тоа ќе биде најлесен начин за да ги искористат правата од овие мерки, изјави Спасовски.

Во однос на критиките од лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека ниту една од мерките не дала резултати, Спасовски рече дека сите три сета се насочени исклучиво кон заштита на економијата, работниците и кон поддршка на ревитализацијата на економијата.

– Ако имате лидер на опозиција кој во десет дена има 20 ставови, повеќе од коментар не треба, рече Спасовски, додавајќи дека секој оној што мисли дека ќе профитира од здравствената криза, ќе изгуби најмногу во очите на народот. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија