Утрински Весник
Македонија

Напредува изградбата на градската капела во Делчево

Напредува изградбата на градската капела во Делчево

Делчево, 2 мај 2020 (МИА) – Напредува изградбата на градската капела во Делчево. Објектот започна да се гради кон крајот на јануари годинава, а досега како што информираа од Општината целосно е изграден надворешниот дел од капелата.

– Проектот предвидува изградба на придружни и услужни објекти на гробишта- капела, мртовечница со ладилник и помошни простории. Планираната локација за изградба се наоѓа северозападно од градежниот реон Делчево во непосредна близина на градските гробишта и досега како што може да видите целосно е изграден надворешниот нејзин дел, информираа од Општина Делчево.

Согласно со договорот потпишан по спроведената јавна набавка за „Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-капела со ладилник и помошни простории во Делчево“, како што додадоа надлежните економскиот оператор треба да ги заврши работите најдоцна до крајот на месец октомври.

-Во рамки на парцелата предвидени се и други придружни објекти меѓу кои и паркинг места за 16 лесни возила, и пешачка патека за вработените лица и посетителите, како и парковско зеленило, додадоа од Општината.

Инвестицијата е вредна 6,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце