Утрински Весник
Спорт

Наполи ја запре серијата на Интер од 11 победи по ред во Серија А

Наполи ја запре серијата на Интер од 11 победи по ред во Серија А

Лидерот на табелата во Серија А, милански Интер одигра само 1-1 на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол. Домашниот Наполи по цели 12 кола успеа да му откине бод на тимот од Милано.

Иако во првото полувреме иницијативата беше на страна на домашниот тим, гостите предводени од тандемот Лаутаро – Лукаку беа поконкретни.

Сепак, Наполи е тимот кој на полувреме отиде со предност од 1-0.

Се играше 36 минута, Инсиње нафрли топка од левата страна, Хандановиќ ја имаше в раце, но на него налета невнимателниот Де Фрај, па топката заврши во мрежата.

Во второто полувреме повторно Наполи ја имаше иницијативата, но Интер беше поконкретен.

По една мешаница во шеснаесетникот на Мерет, на околу 16 метри Ериксен собра еден отпадок и со прецизен удар лево долу израмни на 1-1.

До крајот двете екипи играа отворен фудбал, Политано ја погоди пречката на Хандановиќ, но мрежите мируваа.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас мечот го следеше од клупата за резерви се до 88 минута, тогаш влезе во игра на местото на Зиелински.

Последен пат меч без триумф „Нероазурите“ одиграа на 23 јануари годинава, 0-0 нагости кај Удинезе.

Интер останува лидер на табелата со 75 бода, 9 повеќе од градскиот ривал Милан на 7 кола до крајот на првенството.
Наполи, пак, останува петтопласиран со 60 бода.

> Наполи ја запре серијата на Интер од 11 победи по ред во Серија А <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ