Утрински Весник
Спорт

Наполи не може да патува во Торино

Наполи не може да патува во Торино
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утрешното дерби во Серија А помеѓу Јувентус и Наполи најверојатно нема да се одигра. Локалните власти на регионот Кампања им забраниле на фудбалерите на Наполи да го напуштат регионот, откако е потврдено дека двајца играчи и шестмина членови на стручниот штаб се заразени со коронавирусот.

Фудбалерите чии тестови биле позитивни се Пјотр Зјелиснки и Елиф Елмас.

Наполи минатиот викенд ја победи Џенова со 6:0, а по тој натпревар Џенова пријави 22 заразени, 17 од нив се фудбалери.

Бидејќи епидемијата во Џенова е премногу сериозна, а играчите на Наполи биле во близок контакт со нив регионалните здравствени власти им забраниле да патуваа во Торино.

Од друга страна од Јувентус преку соопштение порачаа дека нивните играчи утре од 20.45 часот ќе бидат на теренот.

„Јувентус сака да објави дека нашите играчи ќе се појават на теренот за натпреварот против Наполи, како што е и планирано со каландарот на Серија А“.

> Наполи не може да патува во Торино <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk