Утрински Весник
Спорт

Наполи нема да ја намалува цената на Кулибали

Јунајтед понудил 82 милиони фунти за Кулибали во последните денови од трансфер прозорецот

Неапол, 24 април 2020 (МИА) – Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, нема намера да ја намали сумата за дефанзивецот Калиду Кулибали во текот на летото, и покрај кризата со коронавирус што ја зафати скоро секоја екипа во Европа.

Ексцентричниот шеф ќе се раздели со 28-годишниот дефанзивец доколку добие понуда од 100 милиони евра, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Кулибали продолжува да биде еден од најпосакуваните дефанзивци, а силен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Сепак, тие треба да бидат свесни дека ќе треба да се потрошат ако сакаат да го имаат Сенегалецот во своите редови.

Оваа сезона Кулибали има одиграно само 15 натпревари досега, откако се бореше со повреди. Сепак, тој одигра клучна улога во пласманот на Наполи за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство